Прв избор за торти во Македонија!
Svadbena Torta od Zafir Slajdersvadbeni-torti-zafir

30 ГОДИНИ ДЕЛ ОД ВАШИТЕ НАЈСРЕЌНИ МОМЕНТИ!

Прв избор за торти во Македонија!

Побарај понуда
Cokoladna Torta Slidertrufa-torta-zafir

30 ГОДИНИ ПОСВЕТЕНИ НА ВАШЕ ЗАДОВОЛСТВО!

Прв избор за торти во Македонија!

Побарај понуда
Kolaci od Zafir Slajderkolaci-zafir

30 ГОДИНИ СЕМЕЈНА ТРАДИЦИЈА ВО СЛАТКАРСТВОТО!

Прв избор за торти во Македонија!

Побарај понуда

Добредојдовте во Слаткарница Зафир

Ние сме семејна приказна која започна во 1994 година со една и единствена цел, да Ви обезбедиме вистинско слатко задоволство. Нашите торти и колачи се совршен избор за секоја Ваша пригода.

30 години посветени на квалитет

Најквалитетни состојки, БЕЗ вештачки бои, БЕЗ конзерванси и БЕЗ адитиви за подобрување на вкус.

Дневно добавување на СВЕЖО млеко и СВЕЖИ јајца за торти од локални произведувачи.

Модернизирани рецепти кои се пренесуваат од колено на колено повеќе од 100 години.

Премиум Торти и Колачи во слаткарници

Нудиме стандардни торти и колачи во нашите слаткарници и во мрежата маркети со кои соработуваме, онлајн во нашата е-продавница, како и на партнерските онлајн сервиси за нарачка paket.mk и kliknijadi.mk

3 Милиони направени торти

Секоја торта направена од Слаткарница Зафир е уникатна приказна за себе, спој од тајните на врвните светски слаткари, традиционални вкусови и рецепти на нашите баби, со многу љубов и страст за создавање вистинско слатко задоволство за Вас!

Торти и Колачи со Изглед и големина по желба

Изработуваме свадбени торти, роденденски торти, детски торти, торти за годишнина, корпоративни торти, 3Д торти и други видови свечени торти и колачи за секоја пригода.

ЗАФИР е секогаш тука за децата!

Навистина ни е полно ❤ кога добиеме благодарница од дечињата од О.Е. Водно, Ј.У. Детски Дом 11 Октомври, Скопје проткаена со нивните слатки моменти на среќа, радост и уживање во нашите торти како и внимание од СОС Детско Село. Слаткарница Зафир e општествено одговорна компанија која продолжува да ги негува вистинските вредности, секогаш помагајќи онаму каде што е најмногу потребно, согласно нашите капацитети и можности!

Кралот Чарлс Трети ужива во нашите производи

Во 1998 година, Кралот Чарлс Трети како Принц од Велс имаше можност да ужива во производите од ЗАФИР при посета на Македонија.

ЗАФИР е добитник на престижната награда за квалитет

Слаткарница ЗАФИР доби престижното ПРИЗНАНИЕ ЗА МАКЕДОНСКИ КВАЛИТЕТ, од Сојузот на стопански комори на Македонија и Претседателот на државата за развојот на македонската економија и афирмација на македонскиот квалитет во земјата и надвор.

Updating…
  • Нема производи во кошничка